Мициќ беше МВП, ама воздишките во Белград ги собра – девојката со тетоважите (ФОТО)

Неодамна завршениот завршен турнир од Евролигата во Белград донесе триумф на Анадолу Ефес, МВП-трофеј за српскиот интернационалец Василије Мициќ и одлична журка за повеќе од 10.000 грчки навивачи, без разлика што нивниот Олимпијакос заврши на последното место.

Во таборот на составот од Атина заврши и признанието за најсексапилната девојка на трибините и тоа кај Берил Мекисик, сопругата на кошаркарот на грчкиот тим, Шекил Мекисик. Репрезентативецот на Азербејџан две години игра за Олимпијакос, каде што неговата сопруга е во центарот на вниманието, првенствено поради својата убавина, но и големиот број тетоважи.

Берил привлекува внимание каде и да се појава, а така беше и во Белград, каде што фоторепортерите се натпреваруваа кој ќе направи повеќе фотографии со неа.