Македонски репрезентативец го преживеа израелскиот пекол во Малага и - триумфира во ЛШ!
Најзаслужен за оваој триумф беше Американецот кој од лани настапува за Македонија, Ти-Џеј Шортс, кој одигра брилијантно со што само потврди дека заслужено го доби МВП-признание во регуларниот дел од сезоната во ова натпреварување. Македонскиот репрезентативец со 29 поени беше најефикасен на мечот и тоа со одличен шут од поле (3/3 за тројка и 7/14 за двојка). Германците одлично се снајдоа во пеколот што го направија бројните навивачи на Хапоел, кои дојдоа во Шпанија да слават и кои сега разочарани ќе си заминат дома.
Ова беше своевидно „македонско“ дерби со оглед што предводник од клупата на составот од Ерусалим беше поранешниот селектор на жолто-црвената селекција, Александар Џикиќ.