Македонија има суперталент: „Малиот“ Симиќ гази сѐ пред себе во Евролигата!

Сигурно најперспективниот и најталентиран македонски кошаркар во моментов, Теодор Симиќ, е на добар пат да настапи завршниот турнир од јуниорската Евролига, откако неговата Барса без проблеми дојде до два од два на првиот од трите квалификациски турнири.

Каталонците прво го совладаа германски Улм со 59-50, додека потоа беа уште поубедливи против Гран Канарија (85-47). Македонскиот центар, кој со само 16 години игра против за две години повозрасни противници, на воведниот меч одигра скоро 12 минути со шест постигнати поени (3/5 за двојка) и три скока. Во вториот триумф Симиќ одигра 16 минути со учинок од десет поени (4/7 за 2п, 2/5 за 1п) и осум скока. Третиот меч на овој турнир екипата на нашиот суперталент ќе го одигра денеска и тоа против француски Нантер.

Барселона без разлика на неговите години, сериозно смета на високиот Симиќ, за што најголем доказ е што го регистрира за настап и во сениорската Евролига.