Лука Дончиќ ги обедини МВП титулите

Лука Дончиќ освен што беше прогласен за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната во Евролигата, вечерва го доби признанието и за МВП на завршниот турнир во Белград.

Во победата на Реал Мадрид против Фенербахче тој постигна 15 поени, имаше четири асистенции и три скока. Во полуфиналето против ЦСКА Москва постигна 16 поени, седум скока и две асистенции.

За најдобар играч во финалниот натпревар беше прогласен Фабијан Козер исто така од Реал Мадрид.