Кошмар од линијата за слободни: Изведе 13 и ги промаши - сите 13! (ВИДЕО)

Евролигашот Жалгирис е фаворит во домашната лига, во Литванија, иако не му одат така глатко сите натпревари, за што беше пример синоќешната победа со 92-86 над Невезис. Со неа ја доби четвртфиналната серија од плејофот со 2-0 и се пласира во полуфиналето, но можеше да загуби, ако само еден „мал детаљ“ беше поинаков.

Во редовите на Невезис, игра Американецот Дешом Фримен, кој имаше кошмарна вечер од линијата за слободни фрлања. Човекот изведе дури 13 и не погоди ниту едно.

Да влезеа шест од нив ќе имаше драма за фаворитот од Каунас, но Фримен, очигледно, не го владее најдобро овој елемент од играта, па гостите и намерно го праќаа на линијата.

Она што е уште поиронично е дека тој беше најефикасниот кошаркар на Невезис, со 16 поени.