
„Кошаркарите на Партизан во моментов се најдобри во Европа!“
Искусниот стратег смета дека црно-белите во моментов се најдобар тим во Европа.
„Самодовербата кај кошаркарите на Партизан е на највисоко можно ниво, особено по триумфот во Болоња. Искрено, мислам дека тие се најдобрите во Европа во моментов. Тоа е одлично трениран тим, со јасни правила, многу атлетски кошаркари и многу одлични шутери од сите позиции, почнувајќи од Кевин Пантер и Зек Ледеј“, изјави Месина.
Предводникот на миланезите апострофира дека играта во одбрана и запирањето на Матијас Лесор ќе бидат примарните задачани на неговиот тим ако сакаат да го совладаат Партизан.