Кошаркарите крвнички се истепаа, ама најжестока казна добија – судиите! (ВИДЕО)

Челниците на ФИБА конечно ги официјализираа казните за учесниците во најголемата тепачка на еден натпревар во нивна организација, според кои суспензии и парични санкции добија 13 кошаркари, двајца тренери и комплетната судиска екипа.

Инцидентот се случи пред две недели на квалификациски дуел за пласман на СП 2019 помеѓу Филипини и Австралија, кога во третиот период дојде до општа тепачка поради која, набрзо потоа средбата беше прекината при водство на „кенгурите“ со 79-48. Поради не можноста да се снајдат и поради лошите одлуки, судиите на овој меч се суспендирани во период од една година, што е најжестока казна за некој учесник во овој крвнички судир.

Од селекцијата на Филипини казна добија десетмина кошаркари и тоа пауза во период од една од шест натпревари, колку што доби еден од највоинствените, Алвин Абуева. Селекторот на оваа селекција, Винсент Рејес ќе паузира еден меч и ќе плати 10.000 швајцарски франци додека неговиот помошник Џозеф Уичико е суспендиран на три меча со парична казна од дури 250.000 франци.

Кошаркарската федерација на Австралија е казнета со 100.000 франци, Крис Голдинг ќе паузира на една, Тон Мејкер на три, а Даниел Кикерт на пет средби.

Сите пари од казни ќе биде уплатени во добротворни цели.