Хезоња по пет години во НБА се врати во Европа

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња потпиша договор со грчки Панатинаикос. 

Крилото во 2015 година ја напушти Барселона и се пријви за НБА-драфтот каде беше селектиран од Орландо како петти пик. Сепак Хезоња не ги оправда очекувањата, па во 2018 се пресели во Њујорк, а минатата сезона беше дел од Портланд. Неговиот просек во петте одиграни сезони во НБА е 6,9 поени, 3,1 скока и 1,3 асистенции по натпревар.

Хезоња ќе го носи дресот на Панатинаикос до крајот на оваа сезона.