Грција ја прекина кошаркарската сезона: Панатинаикос е шампион!

Сезоната во грчкото кошаркарско првенство е прекината бидејќи управата на лигата смета дека нема потребни услови за кошарка, а за шампион беше прогласен тимот на Панатинаикос.

Панатинаикос пред прекинот на првенството поради коронавирусот имаа 18 победи и два порази, односно два триумфи повеќе од второпласираниот АЕК.

Исто така, најверојатно нема да има испаѓања од лигата, токму поради прекинувањето на шампионатот, а засега не е познато колку тимови ќе бидат дел од лигата, но се шпекулира дека би можеле да бидат 16, што значи дека две нови екипи ќе се приклучат на елитниот ранг.