
Германија со најубедливата победа на Евробаскетот ја прегази Велика Британија
Германија како и во претходните три натпревари доминираше на теренот и со брза игра го полнеше кошот на противникот, па веќе во првата четвртина постигнаа 32 поени.
Победникот во ниту еден момент не беше во прашање, па на пауза на семафорот стоеше 58-31.
Во продолжение предноста од „минута во минута“ само растеше. На крајот разликата изнесуваше огромни 63 поени.
Најефикасен кај Германија беше Тристан Да Силва со 25 поени, а потоа следуваа Шродер со 19 и Вагнер со 18. На спротивната страна по 11 уфрлија Мајли Хасон и Патрик Велан.
Фото: FIBA