Гасол добива друштво: Наваро се враќа во Барселона како генерален директор

Легендарниот шпански кошаркар Хуан Карлос Навар ќе се врати во Барселона, каде што настапуваше до 2018 година, а спортскиот директор на каталонскиот гигант ја потврди информацијата.

Наваро на новата функција ќе го наследи 51-годишниот Родригез, кој го раскина договорот со каталонскиот клуб.

Барселона вложи многу пари за да ја освои Евролигата, а во тимот стигнаа многу кошаркари, меѓу кои и легендарниот Пау Гасол.