Европа изненадена од изборот на МВП во Евролигата

Чешката ѕвезда во Фенербахче, Јан Весели е избран за најдобар кошаркар во оваа сезона во Евролигата, што сериозно ја изненади европската кошаркарска јавност, па дури и самиот кошаркар.

Весели со Фенербахче не стигна до финалето, кое се игра денеска, откако Фенер загуби во полуфиналето и тоа повеќе од убедливо од својот градски ривал Ефес, па тоа уште повеќе ги изненади сите со изборот.

Не верував во вакво нешто. Имав добра сезона, ама имав и многу повреди. Не можам да кажам дека играв на ниво на кое сакав, но оваа награда е нешто феноменално“, изјавил Весели.

Тој е поранешен кошаркар на белградски Партизан, а веќе со години игра во Фенербахче.