Евролигата воведува новина која не им одговара на најбогатите клубови
Ова ново правило им оди во прилог на посиромашните клубови во Европа. Луксузната такса во НБА ја плаќаат сите оние клубови кои го надминуваат лимитот доволен за плати на кошаркарите. Во Евролигата не постои ограничување за висина на платите, но се бара начин како да се дојде до фер-плеј трошење.
Некои клубови од Евролигата, пред сè Барселона и Химки, летово потрошија многу пари за засилувања, па во иднина ако сакаат да се луксузираат ќе треба и дополнително да платат за тоа, со цел да се спречи тоа безмилосно трошење со кое одредени клубови се ставаат во нерамноправна позиција во однос на другите.