Евролигашите на итен состанок во понеделник - сакаат прекин на сезоната?

Клубовите со повеќегодишна лиценца во Евролигата, односно вкупно 13, во понеделник ќе одржат состанок за да се разговара за следните чекори по новиот скок во бројот на заразени со ковид-19.

Неколку натпревари од елитното натпреварување беа одложени, а нови позитивни случаи во тимовите се појавуваат секојдневно.

Тимовите во понеделник преку видео-конференција ќе разговараат за тоа што е најдобрата опција и можните промени на правилата поврзани со ограничувањата поради коронавирусот.

Една од најважните точки ќе биде намалување на периодот на изолација, кој досега беше 14 дена, а таков чекор претходно направи НБА-лигата.

Втората можност за која ќе се разговара на состанокот е прекинот на сезоната на неколку недели, иако натпреварувањето требаше да продолжи на 6 јануари, додека во претходното коло беа одложени четири меча.