Ефес го растури Макаби, ЦСКА се измачи против Милано

Анадолу Ефес без никакви проблеми успеаа да слават против Макаби Тел Авив со убедливи 99-79, додека ЦСКА Москва триумфираше со 78-75 против Милано.

Турскиот тим го реши мечот во своја корист во втората четвртина, кога направи серија од 14-2, по што следеше и серија од 12-0 во третата четвртина и тука беше јасно дека Макаби нема никакви шанси.

Најдобар стрелец на мечот беше Василие Мичиќ со 23 постигнати поени, а Родриг Бубу постигна 22 поени.

На вториот меч вечерва ЦСКА имаше потешкотии против Милано, но на крајот успеа да победи со 78-75.