Џонс со звукот на сирената ја израдува Ц. Звезда, Партизан загуби од Панатинаикос (ВИДЕО)

Кошаркарите на Црвена Звезда триумфираа против Асвел со 84-82, додека Партизан беше немоќен против Панатинаикос (55-72) на домашен терен во петтото коло од Евролигата.

Асвел и Ц. Звезда понудија ефикасна кошарка од самиот почеток, а на полувремето со предност замина домашниот тим (46-42).

Големата борба меѓу екипите продолжи во вториот дел, а вистинска драма се случуваше во завршницата, кога Карлик Џонс со звукот на сирената ѝ донесе победа на Ц. Звезда (84-82).

Најефикасен кај Ц. Звезда беше Монеке со 18 поени, четири скокови и една асистенција, додека Бот Гах запиша 19 поени и три скокови за Асвел.

Партизан му парираше на Панатинаикос само во првата четвртина (16-16), по што грчкиот тим ја презема контролата, а со одличната трета четвртина стигна до недостижна предност од +18 (55-37).

Екипата од Белград во последните 10 минути не успеа да направи ништо посериозно на теренот и на крајот загуби со 55-72.

Најефикасен во победничкиот тим беше Американецот Најџел Хејс со 14 поени и три скокови, додека Кевариус Хејс постигна 10 поени и три скокови за Партизан.

Останати резултати:

Фенербахче – Жалгирис 99-80
Барселона – Макаби Тел Авив 90-87
Басконија – Дубаи 79-93
Милано – Реал Мадрид 89-98
Олимпијакос - Валенсија 102-97