Два евролигаши заинтересирани за ветеранот Скола

Одличните настапи на 39-годишниот Луис Скола на Мундобаскетот, кој со Аргентина играше во финалето, привлекоа интерес од многу клубови.

Прв се јави Реал Мадрид, а сега се шпекулира дека во борбата за потписот на ветеранот Скола се вклучил и Олимпија Милано.

„Разговарав со Реал Мадрид, тоа е вистина. Но, за Скола заинтересиран е и Олимпија Милано. Сепак, на крајот Луис ќе ја донесе конечната одлука“, порача агентот на Аргентинецот.