Димитријевиќ најдобар стрелец во победата против Манреса

Кошаркарскиот клуб Валенсија за кој игра македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ја запиша првата сезонска победа во Ендеса лигата во Шпанија. 

Фаворитот вечерва во 2.коло славеше на гостувањето кај Манреса со убедливи 89-69. Димитријевиќ беше во првата петорка и реализираше 17 поени, два скока и шест асистенции. Хозеп Пуерто исто така реализираше 17 поени, Дубљевиќ и Клавер имаа 14, односно 13 поени. 

Во првото коло тимот на нашиот кошаркар загуби од Басконија.