Дејвид Блат откри дека боледува од тешка болест

Тренерот на Олимпијакос, Дејвид Блат, во отворено писмо до јавноста, соопшто дека боледува од тешката болест - мултиплекс склероза. Тој уште минатата сезона знаел дека боледува од оваа болест, но на никого не зборувал за тоа, постојано правел и лекарски прегледи кај грчки доктори под најголема дискреција.

Пред почетокот на новата сезона, 60 годишниот стратег објави за оваа вест преку писмо.

Некогаш во животот постојат пречки за кои не постои објаснување или причина. Во тие момент мора да донесете одлука која ќе покаже кој е вашиот вистински карактер. Пред неколку месеци ми е дијагностицирана болеста ППМС, односно мултиплекс склероза. Тоа е болест која се манифестира на разни начини. Станува збор за автоимуна болест која на многу начини влијае на квалитетот на ваѓиот живот. Кога ми помина шокот и кога знаев дека ова ќе го промени мојот живот, решив да одам напред. Ќе се прилагодам на ова и ќе живеам нормално, порача Блат.