Четворица Американци и Аргентинец во најдобрата петорка на – Евролигата!
Во најдобрата петорка се најдоа четворица Американци и тоа Мајк Џејмс (Монако), Кендрик Нан (ПАО), Најџел Хејс-Дејвис (Фенербахче) и Матијас Лесор (ПАО), како и Факундо Кампацо од Реал Мадрид.
Единствен кој доаѓа од тим што не игра на завршниот турнир е Џејмс, кој е фаворит и за МВП признанието на сезоната, а чиј Монако остана без пласман меѓу најдобрите четири. Во битка за титулата на завршницата во Берлин ќе се најдат Реал Мадрид, Фенербахче, Панатинаикос и Олимпијакос.