Барселона се брани по скандалот во Турција: Ертел побара да остане во Истанбул!

Голема прашина се крена по вчерашниот дуел меѓу Анадолу Ефес и Барселона. Каталонскиот гигант не му дозволи на својот кошаркар Томас Ертел да се врати во Шпанија заедно со соиграчите бидејќи тој преговарал тајно со Реал Мадрид.

Барселона, сепак, реагираше утрово со соопштение и објасни што се случило.

„Во неделата, клубот и играчот решија дека кошаркарот не смее да игра на мечот за да избегне повреда. Во понеделникот тимот му дозволи на играчот да патува со тимот во Истанбул за да ја реши својата иднина. Во вторник кошаркарот ги прекина преговорите и почна да разговара со менаџерот. Со оглед на ситуацијата, а бидејќи не беше во тимот за мечот, решено е кошаркарот да не се врати со екипата. На него му се обезбедени хотел, авионска карта и останатите трошоци се покриени, а конечно сакаме да соопштиме дека Ертел останува дел од Барселона за да може во следните денови да реши што ќе прави во иднина“, пишува во соопштението.