Барселона останува перфектна, Црвена Звезда реди само порази (ВИДЕО)

Кошаркарите на Барселона славеа тесна и драматична победа од 76-74 на гостувањето кај Фенербахче во рамки на 6.коло во Евролигата. 

Каталонците остануваат со максимален ефект на стартот од сезоната, а до триумфот ги одведе Никола Миротиќ со поени во последната секунда. Најефикасен кај шпанскиот состав беше Кори Хигинс со 18 поени. Јан Весели најмногу се истакна кај турскиот состав со 24 поени.

Црвена Звезда го запиша третиот пораз во низа откако загуби на гостувањето кај Монако со 70-62. 

Олимпијакос ја совлада Алба Берлин со 87-83, додека Макаби беше подобар од Жалгирис со 76-62. Баерн со 83-77 триумфираше над Милано.