Барселона го остави на аеродром поради предавство, а тој од инает потпиша за Реал!

Барселона во декември минатата година ги изненади сите откако реши да го остави кошаркарот Томас Ертел на аеродром во Истанбул, по што мораше сам да најде начин како да замине дома.

Шпанските медиуми објавија дека Барселона не му дозволила на кошаркарот да им се приклучи на соиграчите по мечот во Евролигата против Анадолу Ефес, а сега Ертел реши да им се одмазди и повторно да им забие нож во грб.

Каталонскиот тим го раскина договорот со 32-годишниот кошаркар, кој се пресели во француски Асвел, но по една полусезона замина во Реал Мадрид.