Стојановски неприкосновен фаворит за епитетот – кошаркар на годината!

Најдобриот македонскиот кошаркар во моментов и дефинитивно една од најголемите легенди во историјата на овој спорт кај нас, Војдан Стојановски, е убедливо најголем фаворит за признанието за најдобар во 2023 година меѓу играчите кои настапуваат во домашниот шампионат.

Неговото име е убедливо најзвучно, а неговите остварувања во изминативе 365 дена далеку подобри од конкурентите, поради што ќе биде вистинско чудо ако на крајот наградата не заврши во негови раце. Според денешните новинации за изборот на најдобрите во макбаскетот, негови ривали се изминатиов период одличниот Андреј Маслинко, како и момчето кое е иднина на нашата селекција, Андреј Митевски. Но без разлика на одличните игри на овој двоец, начинот на кој Стојановски одигра во освојување на двојната круна на МЗТ Скопје, но и во дресот на Македонија за која би играл дури и со една нога, дефинитивно ја прави оваа трка за решена уште пред таа воопшто да почне. За популарниот Војо тоа би било четврто вакво признание, со оглед што беше прогласен за кошаркар на годината во 2009, 2011 и во 2015 година.

Речиси без борба ќе биде доделено и признанието за најдобар тренер во странство, што без никакви дилема пак ќе биде Емил Рајковиќ, стратегот на ЦСКА, кој во сите сегменти ја добива битката со Ѓорѓи Кочов и Тане Спасев. Далеку понеизвесно ќе биде во битката за признанието тренер на годината во Македонија, каде што во игра се Васко Атанасов во финишот од сезоната го презеде МЗТ и му ја донесе титулата, заедно со искусниот Марјан Илиевски, кој од Пелистер направи респектабилна екипа што секогаш е во игра за највисок пласман, додека аутсајдер во оваа конкуренција е Денис Дервишевиќ од Феникс.

Уште од сега за победници може да се прогласат и Ненад Димитријевиќ за најдобар кошаркар кој настапува во странство, како и МЗТ Скопје за најдобар екипа со оглед на двојната круна

Во конкуренција за гласање се сите клубови, тренери, но и обични вљубеници на кошарката, кои можат да гласаат преку интернет-страницата на КФМ.

ПРЕДЛОГ НОМИНАЦИИ ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРИ ВО КОШАРКАТА ВО 2023

НАЈДОБРА ЖЕНСКА МЛАДИНСКА ЕКИПА ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) Баскет Кам 2011 – Македонска Каменица

(1-3-5) Бадел 1862 – Скопје

(1-3-5) Вардар – Скопје

НАЈДОБРА МАШКА МЛАДИНСКА ЕКИПА ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) Вардар – Скопје

(1-3-5) Работнички – Скопје

(1-3-5) Водно Санс – Скопје

НАЈДОБАР ТРЕНЕР НА ЖЕНСКА МЛАДИНСКА ЕКИПА ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) Јордан Цветановски – Кам баскет 2011 – Македонска Каменица

(1-3-5) Јасмина Герасимовска – Вардар – Скопје

(1-3-5) Дарко Димитријевиќ – Бадел 1862 - Скопје

НАЈДОБАР ТРЕНЕР НА МАШКА МЛАДИНСКА ЕКИПА ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) Златко Мокров – Вардар – Скопје

(1-3-5) Нермин Пепиќ- Работнички – Скопје

(1-3-5) Един Имер - Водно Санс – Скопје

НАЈДОБРА МЛАДА КОШАРКАРКА ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) Ана Милованова – Баскет Кам 2011

(1-3-5) Михаела Алексовска – Крива Паланка

(1-3-5) Ања Начевска – Вардар – Скопје

НАЈДОБAР МЛАД КОШАРКАР ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) Никоја Јаничиќ – Водно Санс - Скопје

(1-3-5) Марко Лукановски – Вардар – Скопје

(1-3-5) Павел Иванов (Вардар-Скопје/Кожув-Гевгелија)

НАЈДОБАР СУДИЈА ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) Игор Митровски

(1-3-5) Зоран Митровски

(1-3-5) Алија Феревски

НАЈДОБРА ЖЕНСКА ЕКИПА ВО СЕНИОРСКИ ЛИГИ ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) Баскет Кам 2011 – Македонска Каменица

(1-3-5) Бадел 1862 – Скопје

(1-3-5) МЗТ Скопје Аеродром – Скопје

НАЈДОБРА МАШКА ЕКИПА ВО СЕНИОРСКИ ЛИГИ ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) МЗТ Скопје Аеродром – Скопје

(1-3-5) Пелистер – Битола

(1-3-5) Феникс 2010 – Скопје

НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО ЖЕНСКА СЕНИОРСКА ЕКИПА ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) Златко Гоцевски - Баскет Кам 2011 - Македонска Каменица

(1-3-5) Вела Красниќ – МЗТ Скопје Аеродром – Скопје

(1-3-5) Перо Стамески – Бадел 1862 – Скопје

НАЈДОБАР ТРЕНЕР НА МАШКА СЕНИОРСКА ЕКИПА ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) Васил Атанасов – МЗТ Скопје Аеродром – Скопје

(1-3-5) Марјан Илиевски – Пелистер – Битола

(1-3-5) Денис Дервишевиќ – Феникс 2010 – Скопје

НАЈДОБРА ЕКИПА ВО „3X3“ ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) 3х3 екипа – „Кино Влае“ - Скопје

(1-3-5) 3х3 екипа „Brotherhood“ - Скопје

(1-3-5) 3х3 екипа „Badu“ - Скопје

НАЈДОБАР ИГРАЧ ВО „3Х3“ ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) Петар Прентовиќ

(1-3-5) Ервин Цого

(1-3-5) Марко Дујковиќ

НАЈДОБРА КОШАРКАРКА ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) Елена Тасевска – Баскет Кам 2011 – Mакедонска Каменица

(1-3-5) Цветанка Димова - Баскет Кам 2011 – Mакедонска Каменица

(1-3-5) Марија Митева – МЗТ Скопје Аеродром - Скопје

НАЈДОБАР КОШАРКАР ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром – Скопје

(1-3-5) Андреј Маслинко - Пелистер- Битола

(1-3-5) Андреј Митревски – Феникс 2010 – Скопје

НАЈДОБАР МАКЕДОНСКИ ТРЕНЕР ВО СТРАНСТВО ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) Емил Рајковиќ – ЦСКА Москва – Русија

(1-3-5) Тане Спасев–Локомотив Кубан–Русија/Кош.Академија-Романија

(1-3-5) Ѓорѓи Кочов – Кемниц - Германија

НАЈДОБАР МАКЕДОНСКИ КОШАРКАР ВО СТРАНСТВО ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан – Русија

(1-3-5) Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт – САД

(1-3-5) Адем Мекиќ – Задар - Хрватска

НАЈДОБРА МАКЕДОНСКА КОШАРКАРКА ВО СТРАНСТВО ЗА 2023 ГОДИНА

(1-3-5) Анџелика Митрашиновиќ – Пештански Цајки - Словачка

(1-3-5) Александра Стојановска – Кортегада - Шпанија

(1-3-5) Матеа Николиќ – Пасаласка Рагуса - Италија

НАЈУСПЕШНА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА 2023 ГОДИНА

Машка селекција на Македонија „Под 20“ години