Радуловиќ: Денеска победи нашата енергија

Тренерот на Пелистер, Дарко Радуловиќ утре ќе има можност да го освои вториот трофеј во Купот на Македонија.

По 15 години, тој успеа да го однесе Пелистер во финалето од ова натпреварување и ќе се обиде да ја комплетира мисијата. По голема борба, битолскиот тим славеше во дуелот со Еуро Никел и вторпат во својата историја ќе игра во мечот за титулата.

„Како што и сите натпревари против Еуро Никел и овој беше тесен, тврд, килав... не можам да најдам соодветен израз. Секогаш успеваат да го наметнат тоа бавно темпо на игра, доста добро ја движат топката, но денеска победи енергијата кај нас, имавме 18 скока повеќе од нив.

Ни претстои финалето, излегуваме на теренот, очекуваме полна сала, ни треба таа поддршка од публиката. Успеавме сезонава два пати да го победиме МЗТ Скопје, но тоа не е важно, не значи ништо. Со помош на публиката ќе се обидеме да ја смениме историјата“, изјави Радуловиќ.