Арсенал брзо му даде три гола на Тотнем, ама за трите бода се тресеше до – последната секунда (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал остануваат во игра за шампионската титула во Англија, откако попладнево дојдоа до големи три бода на гостувањето кај градскиот ривал Тотнем (3-2).

„Топчиите“ фуриозно го почнаа натпреварот, а првиот гол им го „подари“ Хојберг уште во 15. минута. Сака во 27. минута го одвои водството, додека Хаверц десетина минути подоцна обезбеди големи 3-0. Тоа донесе еуфорија кај навивачите на овој тим, кои на крајот мораа да се тресат до последната секунда. Причина за тоа се погодоците на Ромеро во 64 минути и на Сон од пенал во 87. минута, со кои Тотнем дојде до минимална негатива. Фудбалерите на оваа екипа направија се и во дополнителни шест минути, не успеаја да изедначат, на радост на гостите.

Арсенал останува лидер на табелата со 80 бодови, а сега има четири повеќе од Манчестер сити, кој има и два натпревари помалку. Тотнем, пак, направи голем чекор назад во битката за место во Лигата на шампионите со оглед што сега има дури седум бода помалку од Астон Вила, која, сепак, има меч повеќе.

Во вториот попладневен дуел од 35. коло од Премиер лигата, Борнмут беше убедлив во пресметката со Брајтон (3-0).