Таткото на Ѓоковиќ итно пренесен во болница поради - ептен бизарна повреда!

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, денеска итно е пренесе во Ургентниот центар во Белград, каде што бил примен на оделот за ортопедија, а причина за побараната помош е повреда на рамото.

Несреќата се случила додека Ѓоковиќ сениор ги хранел птиците и во таа прилика паднал од столот и се здобил со скршеница на коската на надлактицата. Тој веќе се лекува во оваа белградска здравствена установа, а лекарите потоа ќе одлучат дали и колку ќе биде задржан во болница.

Новак Ѓоковиќ деновиве ги минува во Белград, каде што пристигна по Мастерсот во Монте Карло и каде што ја одржува формата за предизвиците кои доаѓаат, пред се за скорешниот Ролан Гарос.