Работнички на стартот ќе гостува во Аеродром, а МЗТ оди на мегдан против Кожув!

Новата ждрепка за кошаркарската Прва лига, која по откажувањето на АВ Охрид ќе продолжи со десет екипи, донесе дуел помеѓу Работнички и МЗТ Скопје на стартот од шампионатот, но центарци нема да му гостуваат на шампионот туку ќе ги одмерат силите со вториот состав на „металците“, кој сезонава ќе дебитира во елитата.

Актуелниот првак, пак, односно најсилниот состав на тимот од „Јане Сандански“ ќе му гостува на Кожув во дербито на првото коло од елитната конкуренција. Еуроникел од Кавадарци (доскорешен Фени индустри) ќе му гостува на Вардар, додека Гостивар и Куманово ќе ги пречекаат Академија ФМП односно Пелистер.

Вистинското вечно дерби помеѓу најсилните тимови од Аеродром и Центар ќе се одигра во 7. коло, кога домаќин ќе биде Работнички и тоа како што стојат работите во моментов во својот „Градски парк“. Последните информации велат дека најтрофејниот ќе добие дозвола да игра во матичната сала во средбите од Првата лига, но за дуелите од Суперлигата и плејофот ќе мора да најде друга локација за одигрување на домашните мечеви. Историскиот, пак, прв дуел помеѓу две екипи од ист клуб ќе се одигра веќе во второто коло, кога сениорите на МЗТ СКопје ќе ги пречекаат помладите колеги од вториот тим предводен од Горан Крстевски.

Сезоната, конечно, ќе почне во претстојниот викенд (12 октомври), а календарот за останатите кола дополнително ќе биде објавен.

РАСПОРЕД ЗА ПРВИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА

1. КОЛО
Вардар - Еуроникел
Кожув - МЗТ Скопје
МЗТ 2 - Работнички
Гостивар - Академија ФМП
Куманово - Пелистер

2. КОЛО
Еуроникел - Пелистер
Академија ФМП - Куманово
Работнички - Гостивар
МЗТ Скопје - МЗТ 2
Вардар - Кожув

3. КОЛО
Кожув - Еуроникел
МЗТ 2 - Вардар
Гостивар - МЗТ Скопје
Куманово - Работнички
Пелистер - Академија ФМП

4. КОЛО
Еуроникел - Академија ФМП
Работнчки - Пелистер
МЗТ Скопје - Куманово
Вардар - Гостивар
Кожув - МЗТ 2

5. КОЛО
МЗТ 2 - Еуроникел
Гостивар - Кожув
Куманово - Вардар
Пелистер - МЗТ Скопје
Академија ФМП - Работнички

6. КОЛО
Еуроникел - Работнички
МЗТ Скопје - Академија ФМП
Вардар - Пелистер
Кожув - Куманово
МЗТ 2 - Гостивар

7. КОЛО
Гостивар - Еуроникел
Куманово - МЗТ 2
Пелистер - Кожув
Академија ФМП - Вардар
Работнички - МЗТ Скопје

8. КОЛО
Еуроникел - МЗТ Скопје
Вардар - Работнички
Кожув - Академија ФМП
МЗТ 2 - Пелистер
Гостивар - Куманово

9. КОЛО
Куманово - Еуроникел
Пелистер - Гостивар
Академија ФМП - МЗТ 2
Работнички - Кожув
МЗТ Скопје - Вардар