Работнички по тројцата странци го ангажира и првиот Македонец за новата сезона!
Станува збор за кошаркар кој игра на центарската позиција и кој може и тоа како да помогне во играта под обрачите. Двојаковски минатата сезона ја почна во Еуро Никел, а ја доврши во дресот на второлигашот Шкупи, кому му помогна да се избори за прволигашки статус.
Работнички досега ангажира тројца странција и тоа босанскиот интернационалец, Његош Сикираш, плејмејкерот од Србија, Михаило Јовичиќ и Американскиот бек, Весли Персон јуниор.