
Работнички доби(ва) нов тренер – доскорешниот стратег на Војводина!
Станува збор за доскорешниот стратег на српската Војводина, а македонската јавност го памети и по ангажманот како главен тренер на Куманово. Најголемиот успех, сепак, го постигна во младинскиот кошаркарски систем, каде што две децении работеше и освои бројни медали. Двапати беше прогласуван за најдобар младински тренер во земјава.
Мирковски има искуство и како асистент во МЗТ Скопје за време на настапите во АБА лигата и Еврокупот, а со тој клуб освои една шампионска титула. Работел и во Кина, а подоцна ја основа ИБА кошаркарската академија во Скопје, која има блиска соработка со српската легенда Жељко Ребрача.
Работнички наскоро ќе ја официјализира соработката со 40-годишниот стратег, по што ќе започне селекцијата на составот за следната сезона. Поголемиот дел од актуелниот тим се очекува да остане, со исклучок на младиот Андреј Шошкиќ кој заминува во САД.