Пелистер ја прекина серијата победи на Феникс

Пелистер со 71-67 славеше против Феникс 2010 во денешниот меч од 17. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Феникс беше во серија од четири победи пред гостувањето во Битола и одлично го почнаа мечот со Пелистер, по првата четвртина имаа убедливо водство од 22-9.

Но, како одминуваше мечот битолчани ја топеа предноста на гостинот и во текот на третиот период го свртеа резултатот. Во финишот беа поуспешни и се радуваа на триумф од 71-67/

Планиниќ со 21 поен беше најефикасен во тимот на Пелистер, а кај Феникс најдобар беше Американецот Хејнс-Џонс со 24 поени.