МЗТ итно се тестираше и доби идеален резултат - со 22 негативни од 22 теста!

МЗТ Скопје нема нови позитивни случаи на Ковид-19 во тимот, откако вчера еден член на стручниот штаб беше позитивен. 

 Целиот тим на „металците“ итно направи ново тестирање и сите 22-ца беа негативни на коронавирус.  

„По вчерашната информација за позитивен тест на член на нашиот стручен штаб, управата утринава организира итно тестирање на сите кошаркари, тренери и друг персонал, со цел да се утврди дали уште некој е носител на коронавирусот.

Предмалку ги добивме резултатите, кои велат дека сите 22-ца тестирани се негативни на Ковид-19, што значи дека остануваме само на еден позитивен, кој веднаш по појавата на првите симптоми е во изолација.

МЗТ Скопје Аеродром останува во контакт со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, како и при максимално придржување на мерките на безбедност, кои предвидуваат редовна хигиена, држење дистанца и носење заштитна маска“, стои во соопштението на МЗТ.

Денеска два позитивни случаи на Ковид-19 пријави екипата на Академија ФМП.