Кошаркар на МЗТ Скопје се пријави за драфтот во НБА!

Турскиот интернационалец од редовите на МЗТ Скопје, Рагип Берке Атар се пријави на овогодинешниот драфт во НБА-лигата. 

Иако засега не е јасно кога и како ќе се одржи драфтот поради пандмијата од коронавирусот и фактот што НБА-лигата повеќе еден месец е во мирување, младите кошаркари почнуваат со пријавување.

Атар има високи амбиции да биде дел од најсилното кошаркарско друштво во светот и покрај фактот што во МЗТ Скопје не е дел ниту од почетната петорка. Центарот кој има само 20 години во „Јане Сандански“ пристигна во јануари годинава од турскиот Тексут Бандрима, а претходно беше дел од Банвит. 

За „металците“ во АБА2-лигата одигра само пет натпревари со просечна минутажа од шест минути по натпревари и скромни 1,8 поени и 1,2 скока.

Атар важи за еден од поголемите турски таленти и беше дел од младинските репрезентации на својата земја на дури три Европски првенства и едно Светско првенство.