Историско остварување на Горан Главчев – втор трипл-дабл со различен тим!

Капитенот на екипата на Кожув одново си обезбеди место во историјата на македонската кошарка и тоа како прв кошаркар кој остварил два трипл-дабл ефекти во домашното првенство и тоа со два различни тима.

Поранешниот македонски репрезентативец во денешниот пораз на Кожув на домашен терен против Академија ФМП (79-94) реализира 13 поени со 11 скока и 10 асистенции, сето тоа остварено за нешто повеќе од 36 минути поминати на паркетот. Ова беше ревијален меч без резултатско значење, со оглед што двата тима имаа обезбедено опстанок, со оглед што веќе извесен период е познато дека во понизок ранг ќе се преселат Ангели и МЗТ Скопје 2.

Главчев првото вакво остварување го имаше во март 2018 година, кога во дресот на Блоотехна против Струмица реализира 16 поени со по десет скока и асистенции. Досега два трипл-дабл ефект од македонските кошаркари имал само Димитар Караџовски.