Илиевски: Второто место е исчекор од лани, а в година сакаме – титула!

Кошаркарите на Пелистер потклекнаа во финалната плејоф-серија со МЗТ Скопје, но и епитетот вицешампиони е најголем успех во историјата на клубот, а исчекор од минатата сезона, кога тимот заврши како третопласиран.

Тренерот на битолчани, Марјан Илиевски и покрај вечерашниот пораз и вкупната негатива, уште еднаш потенцира колку е горд на своите кошаркари, но и на сите во клубот и во градот.

„МЗТ заслужено победа и ја исполни клупската цел, пред се поради квалитетната ротација и подолгата клупа. Моите играчи заслужено дојдоа до тука, а така ќе беше и да го освоевме трофејот. Горди сме на сработеното, особено со проблемите кои ги имавме. Истуркавме до тука со желба и голема љубов кон клубот. Ако одиме редоследно, лани завршивме како трети, оваа сме втори, па следната сакаме да бидеме - први. За тоа, сепак, влијаат повеќе фактори, пред се од политиката на клубот и како се гледа на иднината. Ние сакаме да се натпреваруваме со квалитетни екипи и да излеземе на меѓународна сцена. Гледајќи како реагираше публиката, жално би било да нема таква можност за сите да се радуваме“, изјави Илиевски.