
Гостивар лесно ја реши Струмица за шест од шест во лигата
Струмица му парираше на Гостивар во првите 20 минути, односно до финишот на втората четвртина кога имаа негатива од четири поени (40-44), но потоа домаќините врзаа шест поени преку Корстаниа, Митевски и Маслинко за водство од 50-40 на полувремето.
Гостивар го реши мечот во третата четвртина кога избега на 71-55, по што Струмица не успеа да се врати во игра и домаќините ја запишаа шестата победа во домашното првенство.
Грузиецот Корсантиа со 21 поен беше најдобар во составот на Гостивар, додека Крстајиќ постигна 16 поени за Струмица.