Гостивар ангажира „ѕвер“ од САД за доминација под кошевите (ВИДЕО)

Управата на Гостивар уште еднаш ја потврди својата амбициозност во пресрет на новата сезона, откако денеска го официјализира и второто засилување од САД.

Станува збор за Брион Брејди (23 год, 203 см), кој важи за класичен центар и од кого се очекува да им обезбеди доминација во играта под кошевите. Корпулетниот кошаркар минатата сезона настапуваше за универзитетот Хјустон во аматерската НЦАА-лига.

Гостиварци претходно го ангажираа неговиот сонародник Донован Доналдсон, а ги задржаа Александар Костоски, Ивица Димчевски, Диме Тасовски, близнаците Ренато и Роберт Димитриевски и Милан Димитриески. Тренер на екипата останува Марјан Србиновски.