Феникс во финишот го скрши Еуро Никел и им се врати на победите

По поразите во претходните две кола, екипата на Феникс забележа исклучително важен триумф во борбата за висок пласман.

На домашен терен, тимот на Денис Дервишевиќ го совлада Еуро Никел со 86-82 благодарение на подобрата игра во драматичниот финиш. Во текот на мечот, двете екипи се менуваа во водство, Феникс имаше водство од осум разлика во втората четвртина (31-23), а Еуро Никел на седум минути пред крајот на мечот водеше и со десет поени (75-65).

Феникс направи серија од 17-2 и поведе со 82-77, Еуро Никел израмни на 82-82, а во клучните моменти ветеранот Бојан Трајковски постигна осум поени по ред и имаше огромна заслуга за победата на својот тим.

Џонс со 21 поени беше прв стрелец на Феникс, а по 17 постигнаа Метјус и Трајковски. Дарко Соколов го предводеше Еуро Никел со 19 поени.