
Епска утка: КФМ на кошаркарките на Бадел им подели – погрешни медали (ФОТО)
„Баделки“ загубија во финалната плејоф-серија од Баскет Кам (0-3), поради што се закитија со сребрените медали. И тоа не е воопшто лошо и е сувенир вреден за чување, освен ако не е наменет за некој друг. Дел од медалите кои им беа доделени на кошаркарките на Бадел 1862 беа наменети за поразените во машкото финале, со оглед што на нив е изгравирано „Прва лига – мажи“, за разлика на тие што реално требало да бидат доделени, а на кои пишува „Прва лига – жени“.
Со оглед што во женската кошарка најчесто настапуваат тинејџерки, кои се радуваат на секаков успех, тие се надеваат дека луѓето од КФМ брзо ќе ја исправат грешката и ќе им ги дадат медалите кои ги заслужиле и освоиле на паркетот.