Државна инспекција ќе ја „тресе“ КФМ за скандалот со златните јуниори!
Тој во интервју за „Спорт1“ (види ТУКА) меѓу другото обелодени дека неговите избраници, кои дојдоа до златниот медал на ЕП дивизија Б, јаделе „скапана храна“, тренирале во пекол и биле приморани да пешачат по еден час двапати на ден на 45 степени температура, а тој бил изложен на закани од луѓе од самиот врв на федерацијата.
„Тоа што можам да го кажам е дека изјавите на селекторот се доста загрижувачки и ќе направиме сѐ што е во наша моќ, во најбрзо време, можеби и идната недела да испратиме инспекција во федерацијата за да ги провериме тврдењата на селекторот дали се точни и дали се потрошени сите средства кои ги добиваат федерациите од државата и тоа на вистинско место“, истакна Ристовски.
Првиот човек во македонскиот спорт посочи дека како министерство не планираат да се мешаат во внатрешните работи на ниту една федерација и немаат намера да учествуваат во било какви дебати со било кој од засегнатите страни. Но, доколку се утврди било каков пропуст од КФМ, Ристовски верува дека тие ќе бидат санкционирани.