Црногорецот Милошевиќ во елитно друштво со трофејот за МВП на финалето!

Ангажманот на Немања Милошевиќ откако веќе беше почната сезоната се покажа како полн погодок за МЗТ Скопје, со оглед на одличните игри на црногорскиот интернационалец во најголемиот дел од сезоната, а пред се во финалната плејоф-серија со Пелистер, во која – доминираше.

Тој беше фантастичен и вечерва, кога „металците“ дојдоа до клучната победа во Битола, со оглед што постигна 22 поени уште во првото полувреме од средбата, а средбата ја заврши со вкупно 31 поен.

Милошевиќ со ова влегува во елитно друштво на кошаркари кои претходно дојдоа до МВП-признанието, а меѓу кои со најмногу вакви трофеи е неговиот соиграч – Дамјан Стојановски.