Чкембари останаа на зборот за бојкот: Спортот е за навивачите (ФОТО)

Навивачката група „Чкембари“, која традиционално ги бодри битолските спортисти, остана доследна на дадениот збор за бојкот на првото полувреме од пресметката на нивниот Пелистер против Еуро Никел во полуфиналето од Купот на Македонија.

Причина за ваквиот молк на најверните фанови на зелено-белите е солидарноста со колегите од „Фемили“ и од „Сити парк Бојс“, кои денеска беа спречени да присуствуваат на пресметката помеѓу скопските вечни ривали Работнички и МЗТ Скопје.

„Спортот е за навивачите“, порачаа популарните „Чкембари“ преку транспарент на нивното место во салата „Боро Чурлевски“.

МЗТ Скопје го доби попладневниот дуел против центарци за 17-то финале во Купот на Македонија, додека Пелистер во моментиве се бори за својот втор обид за првиот трофеј во ова натпреварување.