Американецот од Феникс како „бик во арена“ - сакаше да се тепа со сите од Работнички (ВИДЕО)

Голем инцидент се случи на вчерашниот меч помеѓу Феникс и Работнички (94-88), откако на стартот од третиот период дојде до физичка пресметка на американските кошаркари од двата тима, кој лесно можеше да прерасне во боксерски дуел.

Во центарот на вниманието беше Ахмад Кларк од таборот на новиот прволигаш и последното странско засилување меѓу центарци, Пол Џексон, кои прво имаа неколку дуели во игра, кои потоа прераснаа во тепачка. Кошаркарот на Феникс беше далеку поагресивниот во инцидентот, па на моменти делуваше како „бик во арена“, особено кога се обидуваше да им побегне на соиграчите кои ги држеа за да се тепа буквално со сите од првотивничкиот тим.

*инцидентот е на 1:31:50 од видеото

Очекувано, двајцата беа исклучени, за денеска да биде отстранети и од турнирот „Анте Дуковски“, на кој се играше оваа пресметка. Двата тима воедно се казнети и со 20.000 денари.