По 750 дена пауза, шампионскиот трофеј повторно е во витрините во клупските простории на МЗТ Скопје, откако овој тим со чисти 3-0 го преслуша Работнички во големото плејоф-финале. Радоста на кошаркарите и стручниот штаб беше огромна, а на трибините, каде што беа најверните припадници на Фемили, буквално гореше. Сето ова сигурно е вовед во една луда нож во која ќе се слави до раните утрински часови.