„Жал ми е што зборуваме за Шумахер како да е мртов“

Сопругата на Михаел Шумахер го држи во тајност легендарниот возач во Формула 1 по неговата несреќа на скијањето, а првите детали беа откриени во документарниот филм, кој беше објавен на 15 септември.

Состојбата на Шумахер не е позната за јавноста, а дел од информациите реши да ги открие и Пјеро Ферари, потпретседателот на Ферари.

„Жал ми е што зборуваме за Шумахер како да е мртов. Тој е жив, но не може да комуницира. Пиевме вино пред несреќата и зборувавме на различни теми“, вели потпретседателот на Ферари.