Во декември ќе биде претставен документарен филм за животот за Шумахер

Докунтарец за животот на Михаел Шумахер ќе биде објавен годинава, а семејството на седумкратниот шампион во Формула 1 учествувала во создавањето на филмот.

Филмот, кој се нарекува „Шумахер“ содржи интервју со таткото на Михаел, Ролф, како и со неговата сопруга, Корина, а во него се појавуваат и неговите деца.

„Филмот истражува голем дел од аспектите на живот на Шумахер. Ова е важна година за него, кој наполни 50 години во јануари, а ќе одбележи и 25 години од првата победа во ноември“, пишува во соопштението.

Се очекува филмот да биде објавен во декември.