Ферстапен победи на спринт трката во Белгија

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен беше најбрз на денешната спринт трка која се возеше во рамките од Големата награда на Белгија.

Трката поради лошите временски услови доцнеше еден час, но тоа не му пречеше на Ферстапен да го забележи вториот спринт триумф оваа сезона.

Втор беше возачот на Мекларен, Оскар Пиастри, а трет заврши Пјер Гасли од Алпин Рено. Бодови освоија уште и Карлос Саниц и Шарл Леклер од Ферари, Ландо Норис од Мекларен, како и Луис Хамилтон и Џорџ Расел од Мерцедес.

Главната трка за Големата награда на Белгија се вози утре (недела) од 15 часот. Пол позицијата ја има Шарл Леклер, а Фестапен кој има казна поради проблеми со моторот, ќе стартува од шестата позиција.