Манчестер Сити подготвен да го сруши клупскиот рекорд за замената за Родри
Со оглед на тоа што сезоната за Родри заврши, клубот бара замена за него и изборот паднал на талентот на ПСЖ, Ворен Зер-Емери. Досега во конкуренција беа Зубименди од Сосиедад, Едерсон од Аталанта и Рејндерс од Милано, но сега се појави и името на младиот Французин.
Тој има само 18 години, а веќе три сезони е првотимец со тоа што последните две е исклучително важен играч. Веќе забележа 88 настапи со 7 гола и 8 асистенции, а тоа му донесе и место во француската репрезентација за која веќе одигра 6 меча и постигна еден гол.
За да го донесат во своите редови, „граѓаните“ се подготвени да го направат Зер-Емери најскап играч во историјата на клубот. Актуелен рекордер е Џек Грилиш за кого клубот плати 117 милиони евра, а за младиот Французин би платиле и 120 милиони.