Фудбалер на Динамо Тирана ѕверски убиен во училишен двор – бил избодел со нож!

Младиот фудбалер на Динамо Тирана, Мартин Цани (14 години) почина откако беше нападнат во дворот на своето училиште и тоа на само 150 метри од неговата училница, кога конфликтот меѓу две групи тинејџери прераснал во брутално насилство со употреба на ножеви.

Мартин бил прободен шест пати и подлегнал на повредите, додека друг ученик, кој исто така бил нападнат, се здобил со две убодни рани и е надвор од животна опасност. Според информациите, групите имале конфликт два дена претходно, но откако обезбедувањето ја спречило тепачката, инцидентот не бил пријавен во полицијата.

Фудбалскиот клуб Динамо, каде Мартин Цани настапувал за тимот до 15 години, изрази сочувство:

„Длабоко сме потресени од трагичната вест за прераната смрт на нашиот играч Мартин Цани, член на тимот до 15 години. Претседателот Адријан Барди и ФК Динамо Сити изразуваат искрено сочувство до семејството Цани и се со нив во овие исклучително тешки моменти. Почивај во мир, Мартине,“ соопшти клубот.

Оваа трагедија отвори многу прашања за безбедноста на младите и одговорноста на надлежните во справувањето со насилството меѓу тинејџерите.