Еуфорија во Белград: Илјадници од рана зора во ред за билети за Ц. Звезда-Партизан (ФОТО)

Кошаркарите на Црвена Звезда во четврток од 20 часот во белградската Арена ќе го пречекаат својот вечен ривал Партизан, во рамки на 11. коло од Евролигата, за која продажбата на билетите започна утринава, привлекувајќи големо внимание од навивачите.

Фановите веднаш се упатија да ги обезбедат своите влезници, а според фотографиите од настанот интересот за првото кошаркарско вечно-дерби во оваа сезона, кое има големо значење за двете екипи. Партизан моментално се наоѓа на 16. позиција на табелата во Евролигата со скор од осум победи и два порази, додека Црвена Звезда е на 10. место со пет победи и исто толку порази.

„Продажбата на билети започнува денес во просториите на Спортското друштво Црвена Звезда од 10 часот. Клубот ја известува јавноста дека продажбата на поединечни билети за овој натпревар ќе се врши исклучиво со сезонска или членска карта на КК Црвена Звезда, најмногу две карти по лице“, се наведува во соопштението на клубот.

Овој натпревар се очекува со нетрпение, бидејќи покрај големото ривалство, ќе има значајно влијание врз позициите на табелата на двете екипи во Евролигата.